Реклама
Arena Sport
Фудбал

Рафаел Надал ќе биде директор во Реал Мадрид!

Рафаел Надал ќе биде директор во Реал Мадрид!

Реал Мадрид потврди дека најдобриот шпански тенисер на сите времиња, Рафаел Надал ќе биде еден од директорите во клубот.

Рафаел Надал од дете е фан на Реал Мадрид, а сега по крајот на кариерата ќе има можност да работи во шпанскиот гигант.

Реклама
Arena Sport

„Управниот одбор на Реал Мадрид КФ, на денешниот состанок во среда, 4 ноември, се согласи да го поднесе на ратификација пред Генералното собрание на делегатските членови назначувањето на Рафаел Надал Парера, член број 67.778 на нашиот клуб, за нов член на Управниот одбор.

Рафаел Надал, почесен член на Реал Мадрид, е една од најголемите легенди во историјата на спортот и еден од највосхитуваните и најпризнаените шпански спортисти во светот.

За Реал Мадрид и за сите мадридисти претставува голема гордост тоа што личност со негова спортска и човечка големина, пример во шпанскиот и светскиот спорт, ќе стане дел од нашиот Управен одбор и од оваа одговорна позиција ќе придонесе за сегашноста и иднината на нашиот клуб.

Со својот извонреден рекорд од 92 поединечни титули, вклучувајќи 22 Гренд слем турнири, 2 олимписки златни медали, 5 Дејвис куп титули со Шпанија и првото место на светската ранг-листа, Рафаел Надал изгради легендарна спортска кариера. Но, неговата фигура претставува многу повеќе од неговите успеси: неговиот талент, постојаната желба за напредок, капацитетот за жртвување, натпреварувачкиот дух, скромноста, почитта кон ривалите и соиграчите, како и неговата посветеност на солидарноста, го прават пример како на теренот, така и надвор од него.

Сите овие вредности се дел од идентитетот на Реал Мадрид, а Рафаел Надал ги претставуваше и бранеше во текот на целиот свој спортски живот, станувајќи модел за углед на милиони луѓе ширум светот“, стои во соопштението на кралскиот клуб.

Следуваше благодарност од Рафаел Надал.

„Сакам да му се заблагодарам на претседателот Флорентино Перез и бордот за можноста да бидам дел од бордот на директори на Реал Мадрид. Ја прифаќам понудата со голема возбуда, желба да учам и да придонесам се што можам“, рече Надал.

Реклама
Arena Sport