Фудбал

Растодер потпиша за Панатинаикос, стигна потврда од Романо (ФОТО)

Растодер потпиша за Панатинаикос, стигна потврда од Романо (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец, Елим Растодер, денеска го официјализираше трансфер од Тун во Панатинаикос.

Претходно имаше информации дека Растодер ќе се пресели во грчкиот клуб, а сега стигна и потврда на тоа.

Македонскиот фудбалер ги комплетирал медицинските тестови и ставил потпис на договорот со Панатинаикос.

Растодер имаше одлична сезона во Тун со која си ја качи сцената и падна во око на повеќе клубови. Најконкретен за неговиот потпис беше клубот од Грција.

Се верува дека Тун за овој трансфер ќе добие 3,5 милиони евра.