РК Вардар објави дека ги распродаде сите билети за утрешното дерби против Пелистер, и тоа значи дека салата ќе биде полна.
Навивачите на „црвено-црните“ ги пополнија сите места во салата, па утрешното дерби ќе се игра во фантастична атмосфера.
Утрешното македонско ракометно дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се игра пред исполнети трибини. Сите билети за пресметката меѓу големите ривали се распродадени, што е уште една потврда за огромниот интерес кај љубителите на ракометот.
Од таборот на Вардар ја потврдија информацијата и ги повикаа навивачите да пристигнат најмалку 15 минути пред почетокот на натпреварот, со цел да се овозможи реализација на заедничката кореографија низ целата сала.
Воедно, од клубот апелираа присутните да не ги подигнуваат предметите поставени на нивните седишта пред да добијат знак од лицата задолжени за координација.
Се очекува вистински ракометен спектакл, со полни трибини и атмосфера достојна за најголемото домашно дерби. Вардар и Еурофарм Пелистер повторно ќе ги одмерат силите, а овојпат поддршката од трибините ќе биде максимална.