Ракомет

Ракометното дерби меѓу Вардар и Охрид со пренос на Арена Спорт Македонија!

Ракометното дерби меѓу Вардар и Охрид со пренос на Арена Спорт Македонија!

Денеска, во рамките од 5. коло во македонската ракометна Суперлига, Вардар во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува Охрид, натпреварот се игра со почеток од 18:30 часот и ќе биде пренесуван на Арена М3 Премиум.

Најважните натпревари од македонската ракометна Суперлига ќе бидат пренесувани на Арена Спорт Македонија, прв е денешниот дуел меѓу Вардар и Охрид.

Се очекува ова да биде една од највозбудливите сезони во македонскиот ракомет. Вардар, Пелистер, Охрид и Алкалоид имаат високи амбиции и во Европа и во домашното првенство.

Изедначеноста на четирите екипи го прави македонското првенство најатрактивното на Балканот и едно од најинтересните во Европа.

Најважните натпревари ќе може да ги следите во преноси на Арена Спорт Македонија.

Фото: Денис Дуковски/РК Вардар