Ракомет

Ракометарките на подготвителен турнир во Турција пред почетокот на ЕП

Ракометарките на подготвителен турнир во Турција пред почетокот на ЕП

Женската сениорска ракометна репрезентација денеска се собра во Скопје каде ќе одработи неколку тренинзи во рамките од ЕХФ неделата.

Нашите ракометарки кон крајот на ноември ќе учествуваат на меѓународен турнир во Турција кој се игра од 27 до 29 ноември.

На турнирот покрај Македонија ќе играат уште Финска, Италија и домаќинот Турција.

Овој турнир ќе биде генерална проба пред настапот на Европското првенство кое се игра од 3. до 20. декември.

На ЕП сме во група со Швајцарија, Романија и Норвешка.