Реклама
Arena Sport
Фудбал

Разликата меѓу Реал и Винисиус е шест милиони евра – Арсенал будно ја следи ситуацијата!

Разликата меѓу Реал и Винисиус е шест милиони евра – Арсенал будно ја следи ситуацијата!

Шпанските медиуми пишуваат дека на денешниот состанок меѓу Реал Мадрид и агентот на Винисиус Жуниор, кралскиот клуб ја доставил својата конечна понуда, таа не е онаква каква што сака фудбалерот.

Реал Мадрид му понудил фиксна годишна плата од 22 милиони евра која може да порасне до 24 милиони евра со бонуси.

Реклама
Arena Sport

Винисиус треба да одлучи дали ќе ги прифати условите или ќе биде продаден.

Неговите барање се годишна плата од 28 милиони евра, што е за шест повеќе од она што му го нуди Реал Мадрид.

Арсенал будно ја следи ситуацијата и е подготвен да реагира. Топчиите веруваат дека можат да дојдат до потписот на Бразилецот.

Реклама
Arena Sport