Фудбал

ПСЖ ја пречекува Барселона во Париз, Атлетико Мадрид гостува во Германија!

ПСЖ ја пречекува Барселона во Париз, Атлетико Мадрид гостува во Германија!

Вечерва продолжуваат возбудувањата во Лигата на шампионите (ЛШ) со натпреварите од третото коло. Главен натпревар ќе биде дербито меѓу ПСЖ и Барселона, додека Штутгарт на домашен терен ќе го пречека Атлетико Мадрид.

Еден од најинтересните натпревари вечерва ќе се игра во Париз, каде што ПСЖ ќе ја пречека Барселона. Двата европски гиганта се меѓу главните кандидати за највисок пласман, па се очекува вечерва да понудат атрактивен фудбал и вистински фудбалски спектакл во Франција.

Двата тима имаат максимален ефект по првите две кола, односно освоија по шест бодови и ќе се обидат да продолжат во ист ритам. Натпреварот на „Паркот на принцовите“ е закажан за 21 часот.

Голем предизвик го очекува и Штутгарт, кој пред своите навивачи ќе го пречека Атлетико Мадрид. Германскиот тим одлично ја започна европската авантура, со триумфи над Викинг со 3-1 и Слован Братислава со 3-0. Дуелот во Штутгарт, исто така, започнува во 21 часот.

Распоред на натпревари за вторник, 20 октомври:

18.45 – Фенербахче – Славија Прага

18.45 – Сабах – Борусија Дортмунд

21.00 – Рома – Слован Братислава

21.00 – Порто – ПСВ Ајндховен

21.00 – Ливерпул – Виљареал

21.00 – Манчестер Сити – АЕК

21.00 – ПСЖ – Барселона

21.00 – Наполи – Бодо/Глимт

21.00 – Штутгарт – Атлетико Мадрид