Фудбал

ПСЖ испиша историја во Виљареал, сруши рекорд во ЛШ

ПСЖ испиша историја во Виљареал, сруши рекорд во ЛШ

Парижаните постигнаа четири гола за само 17 минути и го декласираа шпанскиот тим со убедливи 6:0 на негов терен.

Пари Сен Жермен продолжува да ги поместува границите во Лигата на шампионите. Актуелниот европски првак оствари убедлива победа од 6:0 на гостувањето кај Виљареал, а натпреварот го одбележа и нов рекорд во елитното европско натпреварување.

Избраниците на Луис Енрике одиграа фантастични први 17 минути, во кои дури четири пати ја затресоа мрежата на домаќините. Жоао Невеш го отвори резултатот во деветтата минута, Дезире Дуе зголеми на 2:0 во 12. минута, а само една минута подоцна Сени Мајулу ја продолжи гол-серијата. Фабијан Руиз во 17. минута го постигна четвртиот гол за гостите.

Со тоа ПСЖ постави нов рекорд во историјата на Лигата на шампионите, бидејќи никогаш претходно некоја екипа не постигнала четири гола толку брзо на еден натпревар.

Претходниот рекорд го држеше Реал Мадрид, кој во 2011 година против Динамо Загреб стигна до четири погодоци за 20 минути. Парижаните сега го надминаа тој учинок за три минути.

Фабијан Руиз во 50. минута повторно се запиша во листата на стрелците, зголемувајќи ја предноста на 5:0, а конечниот резултат го постави младиот Дејвид Боли во 78. минута, со што го круниса убедливиот триумф на францускиот гигант.