Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека идејата за зголемување на бројот на учесници на Мундијалот на 64 екипи ќе биде предмет на дискусија во надлежните комитети.
Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, во интервју за швајцарскиот медиум „Блувин“ потврди дека проширувањето на Светското првенство на 64 репрезентации ќе биде разгледувано и дебатирано во соодветните комитети.
Оваа година, за првпат, Мундијалот се одржа со 48 екипи, но Инфантино не ја исклучи можноста наскоро да се премине на уште поголем формат. „Тоа е прашање кое сигурно ќе се разгледува и дискутира по завршувањето на ова првенство“, изјави тој, нагласувајќи дека турнирот треба да биде дизајниран за целиот свет, а не само за Европа и Јужна Америка.
Според Инфантино, сегашниот формат со 48 екипи овозможи учество на репрезентации како Курасао, Зелен ’Рт и Хаити, што е клучно за развојот на фудбалот. „Нивото на екипите е исклучително високо и постојано напредува. Ако на малите земји не им се даде шанса да учествуваат, тие ќе ја изгубат мотивацијата за подобрување“, додаде првиот човек на ФИФА.
Формулата со 64 екипи би значела додавање на четири групи од по четири репрезентации, со што би отпаднала потребата од пласман на најдобрите третопласирани во осминафиналето. Сепак, ваквиот формат би го продолжил траењето на турнирот, кој веќе е зголемен во однос на претходните изданија.
Турнир со 64 репрезентации процентуално ќе ги зголеми и шансите за Македонија конечно да се пласира на Мундијал, иако пак ќе биде тешко со оглед на конкуренцијата во Европа.