Фудбал

„Против Шкотска треба да играме агресивно и да не се исплашиме“

„Против Шкотска треба да играме агресивно и да не се исплашиме“

„Шкотланѓаните ги носи нивната публика, и ќе мора да бидеме агресивни. Ако се плашиме, подобро да не играме“, рече Седлоски.

Македонскиот национален тим ги очекува уште два финални натпревари во Лигата на Нации против Шкотска во Глазгов и против Словенија во Скопје.

Селекторот на националниот тим Гоце Седлоски ги истакна очекувањата од мечот со Шкотска. Тој рече дека треба да се влезе агресивно.

„Со Шкотска и со Швајцарија не бев задоволен на домашните натпревари. Немавем шанси, не одигравме агресивно.. Со Швајцарија и со Словенија таму одигравме добро. Имавме неколку шанси, но не ги реализиравме, а кога нема да искористиш такви шанси, тогаш противникот ќе те казни. Сега мислиме само на мечот со Шкотска. Знаеме дека имаат фанатична публика која ги носи. Таму ќе има 60.000 гледачи. Сум играл таму, и знам дека ако не влеземе агресивно, и ако се плашиме, тогаш подобро да не излеземе на терен. Треба секој фудбалер да даде повеќе од максимум за да имаме успех“, изјави Седлоски.