Американската тенисерка Аманда Анисимова, која ја победи Лина Ѓорческа во првото коло на Вимблдон, беше мета на невкусни коментари по испаѓањето на турнирот. Таа на злобниците им одговори на посебен начин.
Анисимова настапот на Вимблдон го заврши во третото коло со пораз од Медисон Кис. По елиминацијата на социјалните мрежи добиваше многу лоши коментари кои се однесуваа за нејзината тежина.
Оние кои што ја напаѓаа велеа дека таа е премногу дебела за професионална спортистка.
Сепак, 24-годишната тенисерка не сакаше да влегува во дебати. На својот Инстаграм профил ги потенцираше дел од навредите и објави фотографии со неа од базен и напиша „Толку ме погодуваат вашите коментари“, враќајки им на хејтерите на ироничен начин.
Со тоа сакаше да каже дека не ја допира она што се зборува, а од приложените фотографии се гледа дека сепак има добро тело.

