Дуелот меѓу Тулуз и Троа е преместен од сабота за недела по барање на локалните власти поради безбедносната ситуација.
Натпреварот меѓу Тулуз и Троа во француската Лига 1 е презакажан за недела, 25 октомври, соопшти Професионалната фудбалска лига на Франција (LFP).
Средбата првично требаше да се одигра во сабота, но беше преместена на барање на локалните власти, поради немирите и протестите во Франција.
Во делови од Тулуз беше воведен полициски час, кој треба да заврши во недела. Поради безбедносните околности, надлежните проценија дека е потребна промена на терминот на натпреварот.
Одлуката била донесена по координација со носителот на телевизиските права, а новиот термин е официјално потврден од француската лига.
Протестите во Франција во текот на овој месец беа проследени со сериозни немири, апсења и оштетување на продавници. Во понеделникот беше објавено и дека официјалните продавници на Марсеј и Лил биле ограбени за време на безредијата.