Групацијата „Амаури“, во чија сопственост се весникот „Л’Екип“ и магазинот „Франс Фудбал“, кој ја доделува наградата „Златна топка“, планира да поднесе официјална тужба поради сомнежи за протекување информации и потенцијално нерегуларно обложување поврзано со триумфот на Хари Кејн.
Како што пренесува агенцијата АФП, сомнителните активности биле забележани на платформата за обложување „Полимаркет“, каде во пресрет на церемонијата во Лондон биле уплатени речиси 265.000 долари преку 12 различни сметки.
Особено внимание привлекува фактот што преку овие уплати бил точно предвиден конечниот редослед на првите петмина во изборот за „Златната топка“: Хари Кејн, Килијан Мбапе, Ламин Јамал, Родри и Лионел Меси.
Од групацијата „Амаури“ потврдија дека случајот го сфаќаат крајно сериозно и дека веќе се вршат проверки за да се утврдат сите околности и евентуалната одговорност.