Фудбал

Проблем за „Македонецот“ од Галатасарај: Административни пречки го спречуваат да игра за репрезентацијата

Проблем за „Македонецот“ од Галатасарај: Административни пречки го спречуваат да игра за репрезентацијата

Играчот на турскиот гигант сака да игра за Македонија, меѓутоа во моментов постојат административни пречки за кои има обид да се надминат до натпреварите во Лигата на Нации.

Казимчан Караташ, левиот бек на Галатасарај во моментов нема да може да игра за Македонија. Поради административни пречки во моментов, Караташ е неизвесен за настап во Лигата на Нации.

Караташ изразил желба да игра за Македонија, и е во плановите на селекторот Гоце Седлоски, меѓутоа е под знак прашалник дали ќе настапи за следните четири меча во Лигата на Нации.

„Разговаравме со него, и изрази желба да игра за Македонија. Се надеваме дека ќе бидат надминати сите пречки за да може да настапува“, изјави Седлоски.

Тој би бил одлично засилување на левата бековска позиција, со оглед дека Езџјан Алиоски е повреден, и крајно неизвесен за настап на следните четири натпревари.