Ново Светско првенство, иста навика на јапонските навивачи, по завршувањето на натпреварот го чистат стадионот, па потоа заминуваат.
Јапонија вчера го почна настапот на Мундијалот, одигра 2-2 против Холандија, а после мечот јапонските навивачи уште еднаш му дадоа пример на целиот свет, го исчистија стадионот.
„Тоа е култура, но тоа е почит за се. Почит за фудбалерите, навивачите, и исто така за стадионот. Почестени сме што сме тука, па не сакаме да направиме неред и да го оставиме. Па мислам дека тоа е причината поради која го правиме тоа“, велат јапонските навивачи.
The reason Japan fans clean the stadium after each game. Respect. 🤝🇯🇵 pic.twitter.com/o9qJUOLefY
— FIFA (@FIFAcom) June 15, 2026
Доколку сите ја имаме јапонската култура, светот би бил почисто место за живеење.