Милош Валах беше вистински херој на Вардар во победата на гостувањето кај Нант во Лигата на шампионите, а сега доби признание и за една негова одбрана.
Чуварот на мрежата на вардарци дуелот го заврши со 17 одбрани и со дури над 40% успешност во одбрана на ударите. Една од неговите интервенции од финишот на мечот беше избрана за во најдобрите пет на колото.
Одбраната на Валах е рангирана на третата позиција, пред него се Небојша Симиќ од Мелсунген и Карлес Болзингер од Монпелје. Четвртата позицвија му припадна на Кевин Милер од ГОГ, а петтото на поранешниот голман на Вардар Дејан Милосављев кој сега го чува голот на Кјелце.