Полицијата интервенирала по завршувањето на натпреварот одигран на стадионот на Шкупи во Чаир поради повикување и учество во тепачка.
Четири лица од Скопје биле лишени од слобода по завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу Шкендија Арачиново и Тиквеш, кој се одигра денеска на стадионот на Шкупи во скопската населба Чаир.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле М.А. (33), Ф.Р. (21), М.Џ. (31) и Д.Ј. (36) поради повикување и учество во тепачка, согласно член 3 од Законот за спречување на насилството и недоличното однесување на спортските натпревари.
Четворицата биле однесени во полициска станица, каде што им биле составени записници за констатиран прекршок.
При приведувањето, кај едно од лицата, М.А. (33), била пронајдена марихуана, поради што против него е преземена дополнителна постапка согласно член 215 од Кривичниот законик.
Од МВР најавуваат дека по целосното документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.