Полицијата е на готовс пред вечерашниот натпревар на Мундијалот помеѓу Антлија и Аргентина
Големи проблеми им прават навивачите на американските власти вечерва во Атланта, пред почетокот на второто полуфинале помеѓу Аргентина и Англија. Познато е дека меѓу двете селекции владее нетрпеливост, и поради тоа пред нивниот меѓусебен натпревар се засилени силите за безбедност за да се спречи контакт на навивачите на двете селекции.
Но, информациите од Атланта говорат дека дошло до инциденти, но во нив не учествувале Англичани, туку само Аргентинци. Во прашање се две групи навивачи на Хуракан и Сан Лоренцо, кои имаат силно ривалство, а дури и за натпревар на Аргентина добиле билети за различни сектори за да не дојде до меѓусебен инцидент.
Во текот на тепачката се користени и автомобилски гуми, канти за ѓубре, стаклени шишиња, столици, па дури и клупи, како и сите други предмети кои им се нашле при раце.
Имало и навивачи кои се обиделе да ја смират тензијата, но тоа не им успеало, па морала да интервенира и полицијата која ги разделила навивачите. Засега нема информации за евентуално повредени лица.
Претставници на аргентинската полиција соработуваат со американските власти, и истакнаа дека сите кои ќе бидат идентификувани како виновници, доживотно ќе им биде забранет влез на стадионите.
Jugamos contra Inglaterra , todos unidos
Los de Huracán y San Lorenzo … pic.twitter.com/dr5d6q6Lzt
— Kevin olguin (@Olguinkev) July 15, 2026