Телевизија

Преносот од мечот на Лина Ѓорческа ќе оди на Арена Премиум 5

Преносот од мечот на Лина Ѓорческа ќе оди на Арена Премиум 5

Историскиот меч на нашата тенисерка, Лина Ѓорческа против Аманда Анисимова на Вимблдон ќе биде емитуван на каналот Арена Премиум 5.

Поради технички проблеми не сме во можност да го емитуваме на Арена М2 Премиум како што претходно беше најавено.

Сите кои ќе сакаат во живо да го проследат историскиот меч на нашата Лина, ќе може тоа да го направат на каналот Арена Премиум 5.