Фудбал

Прекин на мечот Вардар – Арсими: „Комити“ сакаа да влезат на терен, па го напуштија стадионот

Прекин на мечот Вардар – Арсими: „Комити“ сакаа да влезат на терен, па го напуштија стадионот

Фановите на Вардар скандираа против управата, сакаа да влезат на теренот, а потоа си заминаа од стадионот и го почнаа најавениот бојкот додека не си замине раководството на чело со претседателот Миленко Неделковски. По 10 минути без фудбал, натпреварот продолжи.

Неколку минути беше прекинат мечот Вардар – Арсими. Навивачите на „црвено-црните“ влегоа на трибините нешто подоцна, скандираа против раководството, а потоа сакаа да влезат на теренот. Судијата Стојчевски го прекина натпреварот, и ги повика играчите да се соберат на клупите.

Откако беа спречени во нивната намера, ги напуштија трибините, и го почнаа најавениот бојкот се додека не дојде до промена на раководството на чело со претседателот Миленко Неделковски.

По 10 минути прекин, мечот продолжи. До 75. минута, Вардар имаше предност од 1:0 со голот на Закариќ во првото полувреме.