Веќе поранешниот дефанзивец на Младост Лучани, Жарко Удовиќ, реши да ја заврши кариерата и да прифати понуда од реалното шоу „Елита“.
Искусниот фудбалер кој наскоро ќе наполни 40 години, очигледно направил математика дека повеќе ќе заработи со учество во реално шоу отколку да продолжи да игра фудбал.
Тој оваа сезона одигра пет натпревари за Младост Лучани, последниот настап му беше против Земун во победа од 1-0. На тој меч беше капитен на својот тим.
Во текот на кариерата, Удовичиќ забележа повеќе од 300 настапи во српската Суперлига и Првата лига. Настапуваше за Морава, Слобода Ужице, Младост Лучани, Напредак Крушевац и Нови Пазар, а потоа го испроба и полскиот фудбал, каде што ги бранеше боите на Заглебје Сосновјец, Легија Гдањск и Раков Ченстохова.
Во 2022 година се врати во Србија и повторно го облече дресот на Младост Лучани, каде што ја доби и капитенската лента. Сега, по долгогодишното искуство на фудбалските терени, го очекува ново поглавје далеку од спортот.