Првпат во историјата на Светските првенства, во четвртфиналето ќе нема ниту една селекција од најтрофејните три, Бразил, Германија и Италија.
Со елиминацијата на Бразил во осминафиналето од Норвешка е напишана нова страница во историјата на Мундијалите. За првпат откако се игра Светското првенство, меѓу осумте најдобри ќе нема ниту една селекција од трите со најмногу освоени титули, Бразил, Германија и Италија.
Германците загубија уште во 1/16 финалето кога беа поразени од Парагвај на пенали, а Италијанците не се ни квалификуваа.
Бразил има пет трофеи на Светските првенства, најмногу од сите. Германија и Италија имаат по четири.