Кумановскиот тим се „разбуди“ и стигна до првите бодови сезонава.
Башкими стигна до првите бодови, и првиот триумф во сезоната во Првата лига на Македонија, откако триумфираше над Скопје со 1:2 на теренот на ФФМ. Кумановскиот тим се поакжа во одлично издание, и сосема заслужено стигна до трите бода, додека Скопје го запиша третиот пораз сезонава, и останув без победа.
Првиот гол се случи во 28. минута од средбата. Да Силва, новото засилување на кумановскиот тим, најдобро се снајде меѓу двајца одбранбени играчи на „пиратите“, и успеа да го совлада Наумовски и да донесе предност.
Наместо израмнување на стартот од вториот дел, Башкими го зададе и вториот удар. Адис Мурати собра една одбиена топка и ја смести зад грбот на Наумовски за предност од два гола.
Скопје успеа да намали во 69. минута од пенал преку Али Адем. Адем прецизно стрелаше и намали. Иако до крајот имаше уште повеќе од 20 минути, сепак, на крајот екипата на Скопје не дојде до втор гол, и не успеа да го избегне поразот.
Шанса имаше Папалиски, меѓутоа голманот на Башкими Алију успеа да одбрани и да одбие во корнер за трите бода да заминат во Куманово.