Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години го совлада Луксембург со 1-0 и ги освои првите бодови на квалификацискиот турнир за место на Европското првенство (ЕП).
Македонија до победата и трите бодови стигна со голот на Глорија Тодорова, која ја затресе противничката мрежа во втората минута.
Нашата репрезентација беше и со фудаблерка помалку од 33. минута поради црвениот картон на Ања Каранфилоска, но успеа да го зачува водството до крајот.
Македонските фудбалерки следниот натпревар го играат против Велс в сабота од 10 часот.