Тажни вести од Грузија, почина поранешниот ракометар, Рати Мсхквалидзе, кој во кариерата настапуваше и за битолскиот тим, Еурофарм Работник.
Сочувство изрази Еурофарм Пелистер кој во времето кога Рати Мсхаквалидзе играше беше Еурофарм Работник.
„Нашето големо ракометно семејство вчера прими непријатна и тажна вест. Ненадејно и прерано почина поранешниот ракометар на Еурофарм Работник, Рати Мсхквалидзе.
Рати во Битола престојување во сезоната 2017/18 а веста за неговата смрт ја примивме од Ракометната федерација на Грузија од каде кажаа дека имал значаен придонес во развојот на грузискиот ракомет, и по завршувањето на играчката кариера продолжил да работи како тренер на помладите генерации.
РК Еурофарм Пелистер упатува длабоко сочувство до семејството“, стои во соопштението на Пелистер.