Фудбал

Потребни се промени на „Олд Трафорд“: Манчестер Јунајтед тргнува по ѕвездата на Барселона

Потребни се промени на „Олд Трафорд“: Манчестер Јунајтед тргнува по ѕвездата на Барселона

Англискиот гигант Манчестер јунајтед се соочува со сериозна криза, па поради тоа раководството планира да купи нови засилувања во јануари, а едно од нив би можел да биде Алехандро Балде од Барселона.

Балде не е задоволен од својата минутажа, а исто така и односот меѓу него и тренерот Ханси Флик е сериозно нарушен. Шпанскиот фудбалер, кој важеше за важен дел од иднината на каталонскиот клуб, наводно разгледува опција да го напушти „Камп Ноу“.

Манчестер Јунајтед и претходно покажувал интерес за 22-годишниот дефанзивец, но минатото лето не успеа да го добие неговиот потпис.

Според новинарот Фабрицио Романо, англискиот клуб тогаш размислувал за позајмица со опција за откуп, додека Барселона била заинтересирана исклучиво за продажба.