Фиорентина официјално го потврди доаѓањето на еден од најперспективните африкански фудбалери, Кристо Инао Улаи.
Играчот од средниот ред на Брегот на Слоновата Коска кој е роден во 2006 година, го привлече вниманието кон себе по успешните настапи на Мундијалот.
Клубот од Фиренца го потврди трансферот преку своите официјални канали, а Улаи потпиша повеќегодишен договор и веднаш ќе се приклучи на тимот како дел од подготовките за новата сезона.
Според информациите објавени од италијанските медиуми, Фиорентина ќе издвои вкупно 30 милиони евра за овој трансфер, вклучувајќи ги и бонусите, што доволно зборува за тоа колку клубот верува во неговите квалитети.
Овој трансфер претставува една од најголемите инвестиции на Фиорентина во последно време, а клупските челници веруваат дека Улаи би можел да стане еден од лидерите на играта на „Виола“ во наредните години.
Младиот репрезентативец од Брегот на Слоновата Коска се одликува со одлична техника, преглед на играта и способност да покрива повеќе позиции во средниот ред, поради што многу експерти го сметаат за еден од најголемите таленти на неговата генерација.