Легендарната американска тенисерка Венус Вилијамс продолжува со серијата лоши резултати, откако беше елиминирана уште во првото коло на ВТА-турнирот во Хонгконг. 46-годишната ветеранка загуби од сонародничката Мери Стојана со 2-0 во сетови (6-2, 6-3).
За поранешната најдобра тенисерка во светот ова беше дури 17. последователен пораз во сингл конкуренција. Последната победа на Вилијамс датира од јули 2025 година.
Нејзината 23-годишна противничка, која се наоѓа на 113. позиција на ВТА-листата, немаше посериозни проблеми да го реши мечот во своја корист. Во првиот сет двапати го одзеде сервисот на искусната Американка, додека во вториот Вилијамс успеа да поведе со 3-2, но потоа Стојана освои четири гема во низа и ја заврши работата.
Во следната фаза Стојана ќе се соочи со победничката од дуелот меѓу првата носителка, Романката Сорана Кирстеа, и Узбекистанката Марија Тимофеева.