Фудбал

Поранешен фудбалер на Ливерпул заврши во болница по напад од куче!

Поранешен фудбалер на Ливерпул заврши во болница по напад од куче!

Поранешниот англиски фудбалер Џермејн Пенант доживеал вистинска драма за време на прошетка со своето куче во северен Лондон, откако го нападнало куче од расата германски овчар, по што завршил во болница со сериозни повреди на ногата.

Пенант, кој има 43 години, се обидел да го заштити својот миленик Кинг, американска акита, но ситуацијата брзо излегла од контрола, а германскиот овчар го нападнал и поранешниот фудбалер.

„Беше многу страшно. Другото куче го нападна Кинг, па се вмешав за да го заштитам. Следно нешто што го паметам е дека кучето ме нападна мене. Завршив на земја, а тоа ми ја држеше ногата со забите најмалку пет секунди“, открива Пенант.

Пенант добил четири рани од каснување на десната нога, а лекарите морале да му стават повеќе од 50 конци.