Тажна вест стигна пред мечот меѓу Баерн Минхен и Арсенал, почина таткото на Џошуа Кимих.
Таткото на Кимих почина на 57-годишна возраст. Поради тоа фудбалерот нема да биде во составот за вечерашниот натпревар против Арсенал.
Баерн преку соопштение на социјалните мрежи потврди дека 31-годишниот играч од средниот ред нема да биде во составот за натпреварот со лондонскиот клуб. Од германскиот гигант упатија сочувство до својот фудбалер и побараа да се почитуваат приватноста и тагата на семејството.
„Целиот ФК Баерн е со Џошуа Кимих и му изразува најдлабоко сочувство“, порачаа од клубот, истовремено апелирајќи јавноста да се воздржи од дополнителни истражувања и известувања за семејната загуба.
Кимих не присуствуваше ниту на последниот тренинг на баварскиот тим во вторникот. Тогаш од клубот соопштија дека неговото отсуство е од приватни причини, а подоцна стана јасно дека станува збор за семејна трагедија.