Тенис

Полуфинале за Ивановски, Марковски испадна во второто коло

Полуфинале за Ивановски, Марковски испадна во второто коло

Денешниот ден на „Маседониан опен 2026“ почна со прекинатиот меч на Обрад Марковски против Владислав Орлов во рамките од второто коло, а подоцна Ивановски излезе во дуел со Вајс во четвртфинален натпревар.

Обрад Марковски го заврши настапот во второто коло откако со 0-2 загуби од Владислав Орлов од Украина. Беше 3-6 и 2-6 по сетови.

Следуваше мечот на Калин Ивановски против Александер Вајс од Италија. Македонецот го доби дуелот во два сета, двата завршија со тајбрејк 7-6, 7-6.

Првиот тајбрејк Ивановски го доби со 7-5, а во вториот беше подобар со 7-3.

Најдобриот македонски тенисер во полуфиналето ќе игра против Јанаки Милев од Бугарија.