Маурисио Покетино смета дека Тотенхем треба да биде прогласен за шампион на Англија во сезоната 2016/17, откако Челси беше казнет поради историски прекршувања на правилата.
Покетино во сезоната 2016/17 беше тренер на Тотенхем, кој заврши на второто место во Премиер лигата, зад Челси на Антонио Конте.
Откако Челси беше казнет за прекршувањата, аргентинскиот стратег смета дека титулата треба да му биде доделена на Тотенхем.
„Требаше да ја освоиме титулата, требаше да ни биде доделена Премиер лигата. Челси беше казнет, тие признаа, и тоа ли е сè? Титулата треба да му припадне на тимот кој завршил втор“, изјави Покетино.
Тој смета дека двата клуба не се натпреварувале под исти услови.
„Вистина е дека не се натпреварувавме под исти правила. Сосема е фер да се каже дека не ја започнавме сезоната под еднакви услови. Можеби, ако ги следевме истите правила, ќе доведевме некои играчи кои ќе го направеа тимот подобар или ќе ни донесеа повеќе голови“, додаде Покетино.
Интересно е што аргентинскиот тренер подоцна го предводеше токму Челси, во сезоната 2023/24.
Сепак, Покетино е дециден дека доколку Челси ги прекршил правилата, тогаш Тотенхем заслужува да биде прогласен за шампион.
„Не се жалам. Тоа е вистината. Ако признале дека ги прекршиле правилата, титулата во Премиер лигата му припаѓа на вториот најдобар тим. Не се плашам да ја кажам вистината“, порача Покетино.