Украинската тенисерка Елина Свитолина и францускиот тенисер Гаел Монфис се разведуваат по пет години брак.
Бракот на еден од најпознатите тениски парови се распадна, а тоа го потврди тенисерката од Украина преку Инстаграм.
Свитолина објави емотивна порака и откри дека војната во нејзината татковина оставила сериозни последици врз нејзината емоционална состојба.
„Ова е најтешкото нешто што некогаш сум морала да го споделам. Сите знаат колку многу ми значи Украина на мене. Тоа за што ретко зборував е тоа што војната го направи во мене. Тоа што не го видовте беа непроспиените ноќи, сомнежите и чувството дека полека се губам себеси. Гаел го виде сето тоа. Никогаш не ми ја пушти раката. Долго време се боревме заедно, со сите сили. Сепак, сфатив дека морам повторно да го пронајдам патот до себе и дека тоа не можам да го направам во рамките на нашиот брак“, објави Свитолина.