Македонската кошаркарска репрезентација е во Виена и ги одработува последните подготовки пред утрешниот дуел со Австрија во втората претквалификациска рунда за пласман во квалификациите за Европското првенство во 2029 година.
„Црвено-жолтите“ во австриската престолнина пристигнаа со голема самодоверба, имајќи предвид дека се во серија од шест победи. Сега избраниците на Хозе Мариа Берокал сакаат добрата форма да ја потврдат и против Австрија и да направат нов важен чекор кон посакуваната цел.
Австријците, од друга страна, се под притисок по поразот од Кипар на стартот од оваа фаза. Токму затоа домаќинот ќе има голем мотив пред своите навивачи да дојде до првиот триумф.
Македонија на овој натпревар ќе биде без Андреј Јакимовски. Новото засилување на италијански Наполи остана во Италија поради клупските обврски и нема да може да им помогне на репрезентативните колеги во Виена.
Сепак, Берокал на располагање има доволно квалитетен состав за да се спротивстави на Австрија.
Ростерот на Македонија за дуелот со Австрија
Ненад Димитријевиќ
Виктор Ташовски
Виктор Ефремовски
Војдан Стојановски
Лука Стојановски
Адем Мекиќ
Стојан Ѓуроски
Лејсон Зеќири
Валмир Какруки
Резарт Мемед
Тома Стојаноски
Мозес Рајт