Зинедин Зидан официјално ќе ја започне работата како селектор на Франција на 1 септември, објави „Л’Екип“.
Синоќа, Дидие Дешам ги предводеше „петлите“ за последен пат во спектакуларниот натпревар против Англија за третото место на Светското првенство во 2026 година. Франција загуби со 4:6, а по натпреварот, Фудбалската федерација на земјата му се заблагодари на Деша,, кој беше селектор на тимот 14 години. И самиот француски претседател Емануел Макрон му се заблагодари на поранешниот играч од средниот ред со објава на социјалните мрежи.
Според „Л’Екип“, 1 септември е избран од двете страни како датум за почеток на договорите на Зидан и неговиот стручен штаб со федерацијата. Сепак, сè уште не е јасно кога француските фудбалски лидери официјално ќе ја објават веста.
„Петлите“ треба да одиграат четири натпревари во Лигата на нации кон крајот на септември и почетокот на октомври, што ќе бидат првите ангажмани на Зидан како национален селектор. Неговото деби е закажано за 25 септември на гости со Турција.