Откако вечерва се комплетираа натпреварите од четвртата рунда, познати се четвртфиналните двојки во англискиот Карабао куп.
Ждрепката донесе интересни дуели, а единствeни два тима кои не се дел од Премиер лигата, се екипите на Флитвуд и Бретфорд.
Флитвуд кој приреди сензација и го елиминираше Арсенал ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Евертон и Њукасл, додека Манчестер Сити за противник го доби Бредфорд. Кристал Палас ќе ги одмери силите со Сандерленд, а Ливерпул го очекува пресметка со Борнмут.
Натпреварите од четвртфиналето се закажани за 15 и 16 декември.