Ракомет

Познати се судиите за дербито меѓу Вардар и Пелистер

Познати се судиите за дербито меѓу Вардар и Пелистер

Македонскиот шампион Вардар ќе се соочи против Пелистер во вечното ракометно дерби во рамки на деветтото коло.

Судиите од Битола, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе ја делат правдата на дербито меѓу вечните ривали.

Вардар има одличен почеток на сезоната и запиша осум победи по ред, додека Пелистер е втор во лигата со седум триумфи и едно реми.

Натпреварот се игра в недела, 1 ноември, во СЦ „Јане Сандански“ од 17.45 часот.