Денеска се одиграа две средби од четвртфиналните дуели на Европското одбојкарско првенство, Франција и Полска го продолжуваат настапот на континенталниот собир.
Франција со максимални 3-0 ја совлада Романија која во ниту еден сет не стигна до 20 поени. Резултатот во сетови беше 25-16, 25-19 и 25-19.
Најефикасен кај Французите беше Тео Фор со 19 освоени поени, Франсоа Хиц имаше 11. Кај Романците, Кристијан-Даниел Кицигој беше најдобар со 11 поени.
Франција во полуфиналето ќе игра со подобриот од утрешниот меч меѓу Италија и Финска.
Максимална победа оствари и Полска која со 3-0 ја совлада Германија. Неизвесен беше само првиот сет кој Полјаците го добија со 25-23, во останатите два резултатот беше 25-17 и 25-17.
Најефикасен беше Вилфредо Леон со 17 поени, Бартоломеј Болаж имаше 11. Во составот на Германија, Ерик Рурс заврши со 12 поени.
Полска во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Белгија и Словенија.



