Фудбал

Подадена рака: „Паѓа“ најважниот потпис во Барселона

Подадена рака: „Паѓа“ најважниот потпис во Барселона

Бразилскиот репрезентативец ќе ја продолжи соработката со каталонскиот гигант до 2030 година, откако двете страни постигнаа договор.

Рафиња и Барселона постигнаа договор за продолжување на соработката, а официјалното потпишување на новиот договор е најавено за утре.

Според информациите на „Мундо Депортиво“, бразилскиот офанзивец ќе стави потпис на договор со важност до 2030 година, со што актуелната соработка, која истекуваше во 2028 година, ќе биде продолжена за дополнителни две сезони.

Преостануваат да се решат уште неколку административни детали, но во Барселона очекуваат целата документација да биде подготвена уште денеска. Планирано е официјалното потпишување да се одржи утре наутро во просториите на „Спотифај Камп Ноу“, во присуство на претседателот Жоан Лапорта.

Спортскиот директор Деко уште на 19 септември откри дека клубот постигнал начелен договор со Бразилецот за продолжување на соработката. По тоа, правните тимови на двете страни ги подготвија потребните документи и останува само договорот да биде официјализиран.

Рафиња во моментов игра во извонредна форма. По двете нови погодоци против Астон Вила, неговиот учинок сезонава достигна 19 голови и три асистенции на 13 натпревари во сите конкуренции.

Неговите настапи го воодушевија и тренерот Ханси Флик, кој по последниот натпревар порача дека Бразилецот има квалитет да се бори за „Златната топка“ во 2027 година.

Со новиот договор, Барселона испраќа јасна порака дека Рафиња е еден од клучните фудбалери во проектот на клубот за следните години.