Одново бледа партија на македонската репрезентација без посериозна шанса и против Шкотска и заслужен пораз, трет во третиот меч во Лигата на Нации.
Ништо ново од Македонија. Без постигнат гол и натаму без бод во Б сегментот во Лигата на Нации. По Швајцарија, и Шкотска со три бода и со чиста мрежа си замина од Скопје. Претходно и Словенија зеде три бода во дуелот со нашата селекција. Шансата заг гол (ови) и за бод(ови) ќе се бара на последните три меча, со Швајцарија и со Шкотска во гости, и со Словенија дома.
И одново лоша игра, без идеја, без шанси, без удар во рамките на противничкиот гол. Барем не посериозна прилика за нашата селекција. Лош почеток на мечот, лош почеток на вториот дел, два примени голови, и повторно Столе Димитриевски спасува.
Уште во 5. минута Шкотланѓаните сериозно се заканија. Димитриевски со фантастична одбрана по обидот на Робертсон, но во седмата минута топка во нашата мрежа.
Нападите на Шкотска продолжија, а Македонија како да остана збунеата од тој примен гол, па Робертсон имаше супер шанса, но неговиот обид оди крај голот.
Следуваше мало затишје се до 30. минута кога Боуви не успеа да ја спроведе топката во празната мрежа, односно Муслиу спаси чист погодок.
Седлоски се обиде со две замени уште во раната фаза од мечот, тие донесоа малку мир во нашите редови, само до крајот на првиот дел.

North Macedonia v Scotland, UEFA Nations League, Football, Nacionalna Arena Tose Proeski, Skopje, North Macedonia – 03 Oct 2026,Image: 1140354443, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no , Credit line: Nikola Krstic / Shutterstock Editorial / Profimedia
На стартот од второто полувреме иста слика. Шансите пред голот на Димитриевски се редеа, а нашиот голман со „сто раце“. Му брани зицер на Ганон-Доак во 50. минута, потоа во 56. минута истиот играч по грешка на Џеков се заканува, и одново чуварот на мрежата на Македонија спасител. Беше досуден и пенал, но по ВАР проверката поништен од старна на Гаштаров. МекГин во 57. минута шутира за малку над голот. Боуви во 60. минута промашува зицер, поточно Димитриевски одново беше феноменален.
Во 67. минута спорен момент. По една мешаница пред нашиот гол, Летексие суди прекршок во напд, но добива повик од ВАР собата да гледа игра со рака. Ја виде од Миовски, и досуди пенал во корист на Шкотска, а МекГин е сигурен реализатор за 0:2.
Македонија почна да игра дури по 0:2, а особено откако во 84. минута црвен картон доби Скот МекКена. Тогаш неколку напади на Македонија кои завршија без успешно, и седми натпревар на Македонија без постигнат гол.
Сега следува гостување во Швајцарија, но ако вака играме, тогаш сликата нема да биде ништо поразлична. За жал.