Фудбал

Повреда во Челси пред дербито со Јунајтед: Алонсо остана без еден од најважните до крјаот на 2026!

Повреда во Челси пред дербито со Јунајтед: Алонсо остана без еден од најважните до крјаот на 2026!

Челси се соочува со сериозни проблеми во дефанзивната линија, откако од Островот пристигна информација дека Максенс Лакроа ќе мора да паузира неколку недели поради повреда на задната ложа.

Новинарот Фабрис Хокинс оди и чекор подалеку додавајќи дека францускиот дефанзивец најверојатно нема да се врати на терените до почетокот на 2027 година, што е сериозен хендикеп за лондонскиот премиерлигаш.

Поради повредата, Лакроа ќе ги пропушти и претстојните репрезентативни обврски на Франција, па така и селекторот на „триколорите“, Зинедин Зидан, нема да може да смета на неговите услуги во натпреварите закажани за овој месец.

Челси утре во 13:30 часот го очекува дербито во Премиер лигата против Манчестер јунајтед.