Тенис

Повредата е минато: Алкараз се враќа

Повредата е минато: Алкараз се враќа

Шпанскиот тенисер ја залечи повредата и веќе се прави план за „кам-бек“ на терените

Силно тргна Карлос Алкараз во 2026 година. Го освои Австралија опен, дојде до седмиот Грен-слем трофеј, и ги комплетираше сите четири пехари на Грен-слем турнирите.

Меѓутоа потоа му се случи голем хендикеп. Го повреди зглобот на раката во април, и поради тоа ги пропушти Ролан Гарос и Вимблдон, на кој требаше да  настапи и да биде еден од фаворитите.

Зверев и Синер го искористија неговото отсуство и ги поделија трофеите на овие два грен-слема, а денеска стигнуваат добри вести за моментално третиот тенисер во светот.

Според пишувањата на шпанските медиуми, медицинските прегледи потврдија дека зглобот е целосно залечен, со што донесе големо олеснување за него и неговите навивачи.

Главната цел е враќање на теренот постепено. Така тимот на тенисерот има направено план како ќе оди „кам-бекот“. Фокусот е на американската турнеја, па се очекува првиот предизвик да му биде мастерстот во Синсинати. Тој е на програмата од 13-ти во 23-ти август, за добар настап на последниот Грен-слем сезонава, УС Опен.