Фудбал

Петкратен шампион на Германија по шест кола е без бодови во Бундеслигата

Петкратен шампион на Германија по шест кола е без бодови во Бундеслигата

Борусија Менхенгладбах го бележи еден од најлошите почетоци на сезона во историјата на Бундеслигата. Петкратниот германски шампион и по шест одиграни натпревари останува без ниту еден освоен бод, откако на домашен терен загуби од Хофенхајм со 1-2.

Гостите поведоа уште во 11. минута со голот на Конте, но Менхенгладбах се врати во игра на самиот почеток од второто полувреме. Мохија во 49. минута ја затресе мрежата на Хофенхајм и им даде надеж на домашните дека конечно можат да стигнат до позитивен резултат.

Сепак, радоста на домаќините траеше кратко. Само пет минути подоцна, Александер Прас повторно го доведе Хофенхајм во водство, кое се покажа како решавачко за конечниот триумф од 2-1.

Со новиот пораз, кризата на Борусија Менхенгладбах станува сè подлабока, а петкратниот шампион на Германија и понатаму е без бодови по првите шест кола во германската елита.