Еурофарм Пелистер со 38-24 ја победи Дубочица во натпревар од Регионалната игра.
Пелистерци со лесен триумф се загреаа за за новата сезона во македонското првенство. Дубочица не беше дораснат противник за битолчани.
Првото полувреме заврши со водство на Пелистер од 18-13, во вториот дел македонскиот тим не само што ја одржуваше туку и ја зголеми позитивата, конечниот резултат гласеше 38-24.
Атанасијевиќ со 11 голови беше најефикасен во составот на Пелистер, Кузмановски постигна осум.