Eкипата на Пелистер продолжува со одличните настапи во Втората македонска фудбалска лига. Битолчани на гостувањето кај Новаци славеа со 0-2 (0-2), со што по девет одиграни кола и понатаму остануваат непоразени во шампионатот.
Гостите поведоа уште во 10. минута, кога Ивановски одлично се проби меѓу двајца противнички играчи, а Христов со прецизен удар со левата нога ја испрати топката во мрежата за 0-1.
Пелистер ја потврди победата непосредно пред паузата. По слободниот удар на Мирчевски, Гроздановски беше највисок во скокот и со удар со глава ја зголеми предноста на 0-2.
Во второто полувреме, Новаци не успеа да најде решение за цврстата игра на гостите, кои искусно ја контролираа предноста и стигнаа до нови три бода.
Дербито во Охрид каде што гостуваше Работнички заврши со победа од 1-0 на домаќините. Eдинствениот гол на дуелот беше постигнат во вториот дел. Охрид така останува лидер на табелата со 22 бода, еден повеќе од Пелистер и четири од дербамаалци.
Најголемото изненадување во денешните дуели го приреди Осогово кој на свој терен ја победи Брера со 3-1.
Останати резултати:
Беласица – Македонија Ѓорче Петров 1-1
Детонит – Еуромил 0-0
Кожуф – Тетекс 2-2
Шкупи – Камјани 0-2