Кошарка

Пелистер се засили со српски кошаркар!

Пелистер се засили со српски кошаркар!

Кошаркарскиот клуб Пелистер потврди дека ја засилува бековската позиција со српскиот кошаркар Никола Кочовиќ.

Станува збор за 30-годишен кошаркар кој настапувал во првенствата на Србија, БиХ, Црна Гора, Полска и Романија.

„197-сантиметри високиот бек доаѓа од познатата школа од Чачак, а во мак-кошарката пристигнува по сезона мината во Чачак од Србија и романска Орадеа. Кочовиќ веднаш му се стави на располагање на тренерот Тане Спасев и ќе биде во комбинација за натпреварот против Работнички в недела од 19:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола“, објавуваат од КК Пелистер.