Ракомет

Пелистер лесно се справи со Ловќен, четиринаесет голови на Кузмановски!

Пелистер лесно се справи со Ловќен, четиринаесет голови на Кузмановски!

Еурофарм Пелистер со убедливи 45-33 го победи Ловќен во натпревар од второто коло во Регионалната ракометна лига.

Битолчани тргнаа фуриозно уште од самиот почеток на натпреварот, момците на Червар сериозно си ја сфатија задачата па на полувремето имаа предност од 24-15.

И во второто полувреме паднаа многу голови, а вистински предводник на тимот беше Филип Кузмановски кој постигна дури 14 голови. Конечниот резултат гласеше 45-33.

Но, не беше само Кузмановски супер-ефикасен, двоцифрен беше и Ник Хенигман кој даде десет голови.

Ова беше втора победа за Пелистерци во регионалната лига, а следниот меч е против Дубочица на 31 август.