Фудбалскиот клуб Пелистер го доживеа еден од најтешките порази во историјата откако загуби со 0-8 од Паниониос.
Пелистер има амбиција експресно да се врати во Првата лига, но денешниот меч е за заборав.
Битолчани примија три голови во првото полувреме, па уште пет во вториот дел и со полна мрежа го завршија натпреварот против грчкиот тим.