Кошарка

Партизан се бореше храбро, но немаше сила за победа против Жалгирис

Партизан се бореше храбро, но немаше сила за победа против Жалгирис

Кошаркарките на Партизан беа поразени на гостувањето кај Жалгирис со 80-87 во деветтото коло од Евролигата.

Партизан водеше на почетокот на средбата, но потоа следеше серија на Жалгирис на средината на првата четвртина со која домаќинот стигна до 11 поени предност.

„Црно-белите“ фатија приклучок и успеаја да бидат блису до противникот, а во финишот на првото полувреме Лука Вилдоза промаши удар за три поени, па Жалгирис на паузата замина со 44-40.

Жалгирис фуриозно го отвори второто полувреме и набрзо стигна до предност од +15, по што Партизан во завршницата од мечот се обидуваше да ја анулира негативата, но немаше сила за пресврт и победа против противникот.

Едвардс беше најефикасен кај Жалгирис со 17 поени и четири асистенции, додека Танасковиќ запиша 19 поени, пет скокови и една асистенција за Партизан.