По големата победа над Црвена звезда во минатото коло, Партизан повторно им се врати на поразите во Евролигата. Српскиот тим вечерва загуби на гостувањето кај Асвел со 82-75, во натпревар во кој победникот беше решен во неизвесна завршница.
Францускиот состав одлично го отвори дуелот и уште во почетните минути поведе со двоцифрена разлика од 11-1. Партизан успеа да се консолидира и да се врати во игра, но првата четвртина му припадна на Асвел со 22-19.
Домашниот тим ја задржа предноста и во вториот период, па на полувремето замина со водство од 36-32. По паузата, Партизан заигра подобро и во неколку наврати успеа да го преземе водството. Гостите ја добија третата четвртина и во последните десет минути влегоа со предност од 59-56.
Сепак, во клучните моменти Асвел повторно ја презеде контролата врз натпреварот и со подобра игра во завршницата стигна до победата од 77-73.
Милс и Вотер со по 14 се истакнаа во тимот на Асвел, додека за Партизан Хејс броеше до 15.
За Партизан ова е четврти пораз на осум одиграни натпревари сезонава во Евролигата, додека Асвел со триумфот ја прекина серијата од три последователни порази.
Останати резултати:
Бешикташ – Олимпијакос 73-81
Хапоел – Ефес 118-88
Виртус – Жалгирис 74-91